Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за трката на Големата наградата на Канада од Шампионатот во формула 1.
Неговиот тимски колега Нико Розберг ќе стартува од втората позиција. Од вториот стартен ред, односно третата и четвртата позиција ќе тргнат Кими Раиконен од Ферари и Валтери Ботас од Вилијамс, додека возачите на Лотус Роман Грожан и Пасторе Малдонадо ќе стартуваат од третиот ред.
Главната трка е вечерва од 19 часот по средноевропско време.
Во Генералниот пласман лидер е Хамилтон со 126 бодови, пред Розберг со 116, трет е Себастијан Фетел со 98.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.