| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел, Оланд и Ципрас разговараа за долгот на Грција

Францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа телефонски разговараа за постигнување напредок во преговорите за грчкиот долг, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извор.
Angela-Merkel-Fransoa-Oland
Тристраниот телефонски разговор се одржа синоќа пред самитот на Г-7 во Германија.
-Тие ја разгледаа ситуацијата за да помогнат во постигнувањето напредок во преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори: Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и ЕУ, информира изворот на ЕУ.
Преговорите меѓу Атина и овие институции ќе бидат една од темите ма дневниот ред на средбата на врвот на Г-7 денеска и утре, која ќе се одржи под претседателство на Меркел. На неа ќе присуствуват и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, како и извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. Можно е на средбата да присуствува и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top