Гвинеја до крајот на јуни ја продолжи наметнатата вонредна состојба во земјата затоа што епидемијата од ебола се уште не е надмината, пренесоа француските медиуми.
Претседателот Алфа Конде одлуката ја донел во петокот. Истиот ден тој се сретнал со претседателот на Сиера Леоне, Ернест Баи Корома, во погранично село меѓу двете земји.
Претседателот Конде вонредната состојба ја прогласи на 13 август 2014 година, по што на 28 март 2015 година прогласи и засилена форма на вонредна состојба во пет префектури на западна и југозападна Гвинеја. Таа состојба требаше да трае 45 дена.
Поради фактот дека епидемијата се уште не е совладана, Конде и
Корома одлучиле вонредните мерки да ги остават воп сила до 30 јуни.
Во Гвинеја вонредните мерки веќе опфаќаат седум префектури и
главниот град Конакри. До синоќа, меѓутоа, одлуката не беше објавена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.