| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО прогласи крај на епидемијата на ебола во Сиера Леоне

Епидемијата на ебола во Сиера Леоне заврши и во западна Африка повеќе нема ниту еден потврден случај на болеста, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

ebola

– Светската здравствена организација и се придружува на Владата на Сиера Леоне во прогласувањето крај на неодамнешната епидемија на вирусот на еболата во оваа земја, се наведува во соопштението на СЗО.

Организацијата во текстот нагласува и дека го поздравува „пресвртот“ до кој дошло во борбата против еболата во западна Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top