Американската тенисерка Серена Вилијамс го освои Ролан Гарос, откако попладнево за околу два часа игра во финалето ја совлада Луси Сафарова од Чешка со 2:1.
Првиот сет го доби Вилијамс со 6:3, во вториот чешката тенисерка славеше на тајбрејк (7:6), а во решавачкиот трет сет Американката беше убедлива со 6:2.
За Вилијамс ова беше јубилеен 20.трофеј од Грен слем турнирите и вкупно 90. во кариерата.
Во Париз, Вилијамс има три трофеи, претходно победуваше во 2002 и 2013 година. Серена е во серија од три триумфи на Грен слем турнирите. Таа е актуелна шампионка и на УС Опен и Аустралијан Опен.
Сепак, најуспешна во историјата на големите турнири е германската тенисерка Штефи Граф со 22 трофеи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.