| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ по пет сета го совлада Мареј

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на Отвореното првенство на Франција, откако попладнево во продолжението од полуфиналната пресметка беше подобар од Британецот Енди Мареј со 3-2 во сетови.

Овој меч почна вчера и беше прекинат при резултат 2-1 во сетови и 3:3 во гемови во четвртиот сет, што денеска Мареј го доби 7:5 и се избори за петтиот сет.
Во решавачкиот сет Србинот беше убедлив препуштајќи му на противникот само еден гем и со убедливи 6:1 си обезбеди меч за трофејот.
Противник на Ѓоковиќ во утрешното финале ќе му биде швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка.
Од 15 часот на главниот терен на Ролан Гарос во женското финале ќе играат Серена Вилијамс (САД) и Луси Сафарова (Чешка). 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top