| четврток, 6 декември 2018 |

Кери се движи со патерици, наскоро ќе ја напушти болницата

џон

Американскиот државен секретар Џон Кери, кој беше опериран откако скрши коска на десната нога, почна да се придвижува со патерици. Тоа го соопшти портпаролката на Стејт департментот Мари Харф.

– Државниот секретар вчера беше информиран за извештаи за ситуацијата во Јемен, Сирија, Ирак, Украина и Куба како и за климатските промени – изјави таа.

Лекарите од болницата наведуваат дека фрактурата е целосно заздравена и нема да му попречи на Кери во извршувањата на обврските. наскоро се очекува негово пуштање од болницата. Кери се повреди возејќи велосипед во францускот департмент От Савоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top