Европа се соочува во ситуација итно да ги спречи новите напади на екстремистите по тие во Брисел, кога во напади на бомбаш-самоубијци на Исламска држава загинаа 31 лице, а 340 се ранети, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
– Мислам дека сите сме загрижени бидејќи во изминатите неколку години странски борци се враќаат од Сирија и други места и се стопуваат во заедниците – рече Кери во емисијата „Лицето на нацијата“, на „Си-Би-Ес“.
Кери истакна дека најновите напади покажуваат дека џихадистите се и натаму сериозна закана и надвор од земјите, зафатени со војна.
– САД бараат дополнителни проверки и веќе некое време соработуваат со белгиските власти обидувајќи се да ги пополнат празнините, за кои сме свесни дека постојат – рече Кери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.