Американскиот државен секретар Џон Кери и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел оценија дека Алијансата по одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ уште позначајна. Кери очекува дека како поселдица на Брегзит, НАТО ќе напредува уште повеќе и дека Алијансата носи некаква сигурност „во времето на неизвесност во Европа“.
Столтенберг додаде дека НАТО е уште позначајно за одбрана и координација на безбедноста меѓу европските сојузници.
Кери смета дека местото на Британија во Алијансата останува непроменето и покрај резултатите на референдумот за излез на земјата од ЕУ, а Столтенберг додаде дека Британија останува силен и посветен сојузник на Алијансата.
Кери во Брисел денеска ќе се сретне и со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, по што ќе отпатува во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Северноирски политичар: Договорот за Брегзит може да го подели Обединетото Кралство
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа