Македонската фудбалска репрезентација направи скок од пет места на јунската ранг-листа на ФИФА и сега се наоѓа на 100. место. Новиот селектор Љубинко Друловиќ ќе го има своето деби на селекторската функција во мечот со Словачка во Жилина, каде што ќе се обиде со поволен резултат да се избори за нов скок на нашата репрезентацијата.
Словаците ќе нѐ пречекаат од 17 позиција по напредокот од две места, а од останатите репрезентации во нашата група, Шпанија остана во топ 10 светски репрезентации, Украина забележи пад од две позиции и сега е 35., а Белорусија напредуваше за три места до 80. место. Последниот Луксембург скокна исто како и Македонија, шест позиции, до 131. место.
На врвот на најновата листа, Германија остана на првото место, додека Белгија ја мина Аргентина и сега е втора додека во најдобрата десетка се уште и репрезентациите на Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Франција и на Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.