| четврток, 6 декември 2018 |

Еднодневен притвор за шестмина блиски соработници на Саркози

саркози

Клод Геан и петмина други блиски соработници на поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, кој сега е лидер на најголемата опозициска партија Републиканци (ЛР), поранешната УМП, беа притоврени во текот на целиот вчерашен ден и потоа ослободени во вечерните часови, без да биде покренато обвинение против нив, јави дописникот на МИА од Париз.

Сите тие беа сослушани во рамките на истрагата која се води во аферата за бројните испитувања на јавното мислење, нарачани од Елисејската палата за време на петгодишниот мандат на Никола Саркози. Тие анкети била нарачани од агенции блиски до претседателот и чинеле над девет милиони евра.

Опкружувањето на Саркози, кој минатиот викенд ја лансира новата партија ЛР, обвинува дека станува збор за „спектакуларно судство“, кое ги напаѓа „големите служители на државата“.

Геан, кој е поранешен министер за внатрешни работи, беше сослушан во својство на некогашен генерален секретар на Елисејската палата од 2007 до 2011. Неговиот наследник Ксавие Муска, беше притворен вчера и ослободен. Муска е еден од блиските соработници на кои Саркози се потпре за време на финансиската криза во Европа во 2008 година.

Трето солсушаната Емануел Мињон беше мозокот на победоносната програма на Саркози во 2007 година и беше негова директорка на кабинетот на почетокот од мандатот. Таа се уште важи за блиска до Саркози.

Четврото лице е Жан-Мишел Гудар, експерт за реклами и исто така долгогодишен пријател на Саркози. Во 1995 година, кога Саркози го поддржуваше Едуар Баладур против Жак Ширак и беше отфрлен од тогашната партија РПР, тој најде засолниште во Њујорк во еден од становите на Гудар. Тој исто таа играше значајна улога во кампањата во 2007 година.

Двајцата други се од младата гарда на Саркози, Жилиен Волпре, кој се грижеше за испитувањата на јавното мислење во Елисејската палата и Жан-Батист Фроман, советник за образование на Саркози.

Истрагта, која ја води судијата Серж Турнер, се однесува на евентуални нерегуларости во склучените договори од Елисејската палата и деветте институти за испитување на јавното мислење или за совети за време на мандатот на Никоола Саркози. Меѓу нив и претпријатието на Патрик Бусион и Пјер Џакомети, двајца советници на поранешниот претседател.

Полемиката со сондажите започна во 2009 година, по објавувањето на ревизорскиот извештај за работењето на Елисејската палата, при што беше остро критикиван договорот потпишан во 2007 меѓу Елисејската палата и кабиентот на Патрик Бусион во износ од 1,5 милиони евра, без јавен тендер, како што бараат правилата во државната администрација.

Овој договор потпишан од Емануле Мињон му даваше на претпријатието „Публифакт“ целосна слобода за трошоците кои треба да ги покрие. По септември 2009 година на ова претпријате не му беа нарачувани нови сондажи.

Асоцијацијата на граѓани за борба против корупцијата Антико во 2010 година поднесе тужба и по долга судска битка во 2012 успеа да изнуди отворање на судска истрага за сомнеж за фаворизирање и злоупотреба на јавни фондови.

Истрагата веднаш потоа се прошири на сите договори склучени од страна на Елисејската палата со институите за испитуавње на јавното мислење и совети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top