| четврток, 6 декември 2018 |

Штерјо Наков и Кираца Трајковска се повлекоа од „Фершпед“

fersped

Штерјо Наков, генералниот менаџер, и Кираца Трајковска, неговата заменичка, се повлекуваат од менаџментот на „Фершпед“ по 20 години неприкосновено владеење со најголемата шпедитерска компанија, пишува МКД.

Компанијата денеска објави дека на претстојното акционерско собрание, кое е закажано за 29 март, сегашните менаџери и членови на Управниот одбор: Штерјо Наков, Кираца Трајковска, Невенка Ристовска и Виолета Татабитовска се предложени за нови членови на Надзорниот одбор на компанијата. За старо-нови членови на надзорниот одбор се предлагаат надворешниот член и академски професор Леонид Наков и Стојан Настовски.

Одлуката на Наков и на Трајковска изненади многумина инвеститори и бизнис-аналитичари во земјава. Засега не се знае кој ќе го замени долгогодишниот водечки тандем на „Фершпед“, но дел од јавноста очекува за прв човек на компанијата да биде назначен Драган Наков, еден од двата сина на Штерјо Наков. Засега нема индикативни прогнози за тоа кој би можел да ја замени Кираца Трајковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top