| четврток, 6 декември 2018 |

Балканската сцена шокирана од изјавата на пејачот: Се повлекувам, не можам повеќе, премногу ми е!

Популарниот хрватски пејач Петар Грашо најави дека по кариера долга 21 година реши да се повлече од естрадната сцена. Иако слободно може да се пофали со долга и успешна кариера, Петар го најави своето збогување од музиката.

-Тончи и јас правиме албум, а тогаш ќе размислиме за повлекување. Не можам повеќе, премногу ми е. Мислам дека секој нормален човек има умерена желба за работа. Јас сакам да работам, но толку се наработив во последните две години што мислам дека некој просечен тоа не може тоа да го помине ни за десет години, изјавил музичарот за хрватската ТВ РТЛ.

Грашо додал и дека никогаш не сакал здодевни луѓе  и токму поради тоа не сака и самиот да му стане досаден на било кој.

-Не сакам да почнам „да им излегувам од фрижидер“. Мислам дека ме има доволно, но повлекувањето некогаш добро доаѓа. Таа пауза нема да биде наскоро, но ќе биде сигурно во следниот период, објасни Грашо.

Čekam vas sutra u Puli! #petargraso #grasoupuli

A video posted by Petar Grašo (@petargrasoofficial) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top