| четврток, 6 декември 2018 |

Награда од МСУ за изложба на 11. Биенале на млади уметници

Музејот на современата уметност Скопје додели награда за најуспешен автор и дело, презентирано на 11. Биенале на млади уметници, кое беше отворено на 8 мај 2015.

msu-bienale

Наградата за самостојна изложба, како дел од Програмата на Музејот за 2016 година, е доделена на двајца учесници – еден македонски и еден странски уметник, информира МСУ.

Според одлуката на жирито, остварувањето на Кристина Пулејкова од Македонија и Џумана Мана од Германија е најубедливо достигнување, иако на изложбата имало и повеќе дела со високи вредности.

– Авторите ќе ја реализираат наградата со средства што ќе бидат одобрени од Министерство за култура на Република Македонија, со програмата за работа на НУ МСУ за 2016 година, соопшти МСУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top