| четврток, 6 декември 2018 |

Блатер под истрага на ФБИ

Сеп Блатер, кој четири дена по реизборот за претседател на ФИФА поднесе оставка, е под истрага на Американското истражно биро (ФБИ) и државното обвинителство.

Блатер наводно е дел од истрагата за корупција во која минатата недела беа уапсени шест високи функционери на ФИФА и десет други лица.

ФБИ одби да ги коментира сознанијата на американските медиуми, бидејќи Блатер јавно не е означен како дел од истрагата.

Американските власти во соработка со швајцарските колеги во Цирих уапсиле 14 лица, деветмина се фудбалски функционери, а петтмина се директори од секторот за спортски маркетинг, на кои им се закануваат обвиненија за измама, рекет и перење пари.

Се шпекулира дека осомничените земале повеќе од 150 милиони долари за мито.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top