Нутриционистот Синтија Шаш смисли диетален пијалок со лија помош обемот на половината може да се намали дури за 10 сантиметри, што прпорционално би значело три килограми за само 4 дена.
Сепак, за напитокот вистински да делува во текот на четири дена додека се пие, треба да се избегнуваат слатки, грицки, масти и калорична храна и да се свртите кон поздрава исхрана.
Потребно: 2 литри вода, 1 краставица, 1 лимон, една лажица ѓумбир во прав и свежо нане.
Подготовка: Лимонот добро се мие и не се лупи, се сече на парчиња и се става во 2 литри вода. Краставицата се лупи и се сече на парчиња, кои исто така се ставаат во водата. На крај се додаваат неколку листови нане и ѓумбирот. Се промешува со лажица, се покрива и се остава во фрижидер цела ноќ.
Штом станете почнете со конзумирање на течноста, пијте ја во текот на целиот ден, а вечерта подгответе нов пијалок за следниот ден. Потребно е овој пијалок да се пие најмалку 4 дена и да не пиете ниедна друга течност, посебно не алкохол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.