Досегашниот ракометар на Мешков Брест Австриецот со црногорски корени Јанко Божовиќ е првото засилување на Металург. Тој потпиша двегодишен договор со поранешниот македонски шампион.
Божовиќ збогувајќи се со досегашниот свој клуб за официјалната интернет-страница на Мешков Брест го потврди трансферот во еден од најдобрите македонски клубови.
– Потпишав двегодишен договор со македонскиот Металург. Се надевам на најдоброто. Металург е тим со голема традиција. И покрај фактот дека во новата сезона ќе игра со подмладен тим, има навистина поставено високи цели за следната сезона – вели Божовиќ.
Австрискиот репрезентативец е првото од најавените засилувања за тимот од Автокоманда. Според најавите од ЕХФ Металург се очекува да добие специјална покана за учество во Лигата на шампионите откако треба сериозно да го засили тимот.
Божовиќ, кој игра на позицијата десен бек, за Брест Мешков минатата сезона настапи на 43 натпревари постигнувајќи 141 гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.