Министрите за внатрешни работи на Германија и на Франција изразија денеска во заедничко соопштение резерви во врска со планот на ЕК за воведување квоти за згрижување бегалци од подрачја погодени со војна во Африка и на Блискиот исток и влегуваат во ЕУ.
– Механизмот за привремено преселување мора да се заснова на два принципа: одговорност и солидарност, порачуваат тие со констатација дека планот на ЕК нема рамнотежа меѓу тие принципи.
ЕК минатата недела претстави план кој има за цел рамномерно да прераспредели товар на згрижување бегалци на сите држави од ЕУ наместо важечкиот систм по кој должност да ги преземе имаат државите во кои првично ќе влезат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



