| четврток, 6 декември 2018 |

Ако го имаш Никола Карабатиќ во тимот, успехот ти е загарантиран!

Ракометот е тимска игра, но еден играч може да биде најдобар. Тоа по дифолт е Никола Карабатиќ Французинот со српски корени (родум од Ниш) кој ги обедини сите можни титули во ракометот.

Тој со својата репрезентација е актуелен олимписки, светски и европски шампион. Од вчера е и носител на титулата во Лигата на шампионите со својот тим Барселона каде негов соиграч е и нашиот Кире Лазаров. Покрај пехарот од ЛШ тој е носител и на признанието МВП, а со Барселона буквално е владетер во шпанското првенство, со двете титули во првенството и купот.

Handball Champions League EHF Final Four

Карабатиќ е и прогласен за најдобар играч во 2014 година и со тоа покажа дека клубот за кој игра има вистинско богатство.

Пред некое време се појавија шпекулации дека Карабатиќ би можел да го засили македонскиот шампион РК Вардар и токлу тоа е алката што недостасува за големи дострели на амбициозната управа за исчекор кон завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top