Ликовното студио „Арс вивенди“ ќе го прослави својот десетти роденден во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска, први јуни во 19 часот.
Завршна изложба под наслов „10 години насочени во вистински правец“ содржи неповторливи детски цртежи, сведоци за чистата и весела детска душа.
Инспирирани од латинската синтагма „ars vivendi”, што во слободен превод значи „уметност или умешност на живеење/то“, ликовното студио „Арс вивенди“ започна со работа на 15 септември 2005 година.
– Овие десет години во студиото работевме под мотото „Насочи го сопствениот потенцијал во вистински правец“ и ја освестувавме индивидувата дека не може да ја изнајми својата визија на друг. Веруваме дека успеавме во тоа, а 57. награди што ги освоија членовите на нашето ликовно студио учествувајќи на републички и интернационални конкурси за детски цртежи се дополнителен поттик да продолжиме со работа во иста насока – велат од ликовното студио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



