| четврток, 6 декември 2018 |

Кривичниот суд утре ќе одлучува за обвинението против Зоран Заев

Кривичниот суд во Скопје, за утре закажа јавна седница на која ќе ги разгледува приговорите на обвинението што ги поднесоа адвокатите на Зоран Заев и другите обвинети во случајот „Пуч“.

Судот одлучил на јавна седница да ги разгледа приговорите на адвокатите, пред да одлучи дали ќе дозволи обвинението да биде испратено на судење.

– Добивме покани со кои се повикуваме утре да ги образложиме нашите забелешки на обвинението пред советот за оценка на обвинителниот акт. Ќе бараме судот да го отфрли обвинението, бидејќи нема кривично дело – тврдат од адвокатскиот тим на Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top