| четврток, 6 декември 2018 |

Веспрем е финалист во Лигата на шампионите откако го победи Кил со 31-27

Унгарскиот ракометен клуб Веспрем се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако во второто полуфинале на фајналфор турнирот го совлада Кил со 31-27. Со тоа во утрешното финале ќе се сретнат Кире Лазаров со Барселона кој е втор стрелец во Лигата на шампионите со 106 гола, и Момир Илиќ со 109 бидејќи денеска беше стрелец на осум погодоци.
Се чини дека најпрведно е оваа сезона во финалето да играат овие две екипи кои немаа пораз во групната фаза од ова натпреварување.

Handball Champions League EHF Final Four

Кил одлично го започна мечот и за само неколку минути дојде до три голови разлика (5-2), но како одминуваше времето избраниците на Карлос Ортега ја преземаа играта во свои раце, одиграа одлична одбрана поготово во вториот дел кога на голот блескаше Хрватот Мирко Алиловиќ со 14 одбрани од кои дури 12 во вториот период.
Фантастичен натпревар одиграа и Ласло Наѓ и Момир Илиќ во нападот, а пикерите Ранто Сулиќ и Андреас Нилсон комбинираа шест голови.

Handball Champions League EHF Final Four

Во 45.минута, Веспрем имаше четири гола предност (24-20), а потоа и ја зголеми на 27-21. Сите помислија дека е веќе решен патникот во финалето, но Кил не се предаде така лесно. Намали на само два гола негатива (27-25), но Момир Илиќ не дозволи серијата да продолжи постигнувајќи погодок на спротивната страна.
На крајот сосема заслужено славеа Унгарците кои со ваква добра игра може и да го изненадат утрешниот противник и да го кренат големиот пехар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top