| четврток, 6 декември 2018 |

Владата додели грантови за 16 компании за иновации

Четиристотини и педесет илјади евра се доделени во вид на кофинансирани грантови на 16  „старт-ап“ и „спин-оф“ компании, во рамки на првиот јавен повик за предлог-проекти на Фондот за иновации и технолошки развој.

inovacii500

На овој повик, како што нагласи директорката на Фондот за иновации, Јасмина Поповска, пријавени биле 78 проекти, од кои 34 поминале во наредната фаза на евалуација, а 16 се избрани за финансирање.

-Тоа претставува 20 отсто од вкупниот број на апликации и ние сме задоволни со тоа. Вкупниот буџет изнесуваше 600.000 евра, но со овој повиќ ќе бидат доделени 450.000 евра, од причина што дел од буџетите на апликациите не побарале максиманлна сума од 30.000 евра, истакна Поповска.

Половина од избраните проекти за финансирање, се од информатичките области, а останатите се од различни сфери.

Таа додаде дека буџетот за следниот јавен повик ќе изнесува 1.700.000 евра и дека ќе бидат отворени повици за сите 4 инструменти кои што се на располагање на фондот.

-Следните повици ќе бидат наменети за комерцијализација на иновации, зa трансфер на технологии и деловно-технолошки акцелератори и секако истиот инструмент повторно ќе биде објавен, потенцираше директорката на Фондот.

Директорот на Комитетот за одобрување на инвестиции, Ристо Калске, рече дека во споредба со Србија, каде биле финансирани само 6 проекти, процесот за доделување на гратови во Македонија бил доста успешен.

Тој додаде дека квалитетот на апликациите бил добар и дека биле застапени неколку основни индустрии.

-Постоењето на ваков механизам за финансиска поддршка на претприемаштвото, значајно го поттикнува претприемаштвото не само на краток туку и на долг рок на државно ниво, посочи Калске.

Од 78 пристиганти апликации, 25 отсто од апликантите се компании кои што се основани оваа година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top