Безживотното тело на повозрасен маж, вчера доцна попладне било извадено од водите на Вардар, во близина на селото Чајле, Гостиварско.
Според првичните сознанија, станува збор за В.Ј.(86) жител на селото Чајле, кој утрото од неговите роднини бил пријавен како исчезнат.
Беживотното тело во водите на Вардар, во месноста “долни ниви” околу 17 часот, го забележал случаен минувач и пријавил во полициското оддление Чегране. На местото бил направен увид што го водел Јавен обвинител, а по негова наредба, телото е дадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Починатиот старец, последен пат бил виден утрото на мостот во селото, одалечен половина километар од местото каде што било најдено неговото тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.