Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ја повика Европската унија и нејзините членки да бидат „флексибилни и оригинални“ за да се реформира Унијата, по состанокот со францускиот претседател Франсоа Оланд.
– Статус кво не задоволува и мислам дека промените може да се направат за да профитира не само Велика Британија туку и остатокот од Европа, изјави Камерон во првиот ден од неговата европска турнеја.
Оланд од своја страна порача дека Франција сака Велика Британија да остане во рамки на Европската унија.
– Мислам дека е во интерес на Европа и на Обединетото Кралство да бидат заедно, но народите треба да бидат почитувани, изјави Оланд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.