Велика Британија е најкорумпораната земја во светот, смета истражувачкиот новинар Роберто Савијано, кој поминал повеќе од десет години на разоткривање на работењето на италијанската мафија. Триесет и шестгодишниот Савијано, кој се прослави со бестселерите „Гомора“ и „Зеро зеро зеро“, откако во 2006 година ги објави своите сознанија за членовите на криминалната организација Камора, живее со полициско обезбедување.
-Да ве прашам која е најкорумпираната земја на светот, сигурно ќе ми речете Авганистан или Грција, Нигерија или Италија.Но, јас ќе ви речам Велика Британија, вели Савијано.
Не е бирократијата, не е полицијата, а не е ни политиката – она што е корумпирано во оваа земја е финансискиот капитал. Околу 90 отсто од сопствениците на капитал во Лондон ги чиуваат своите пари на офшор сметки, објаснува Савијано.
-Џерси и Камајските Острови се капии на криминалниот капитал во Европа, а Велика Британија е земјата коај го дозволува тоа.
Поранешниот премиер на Велика Британија Дејвид Камерон беше под голем притисок на јавноста да ги реформира даночните офшор прописи, но ништо значајно не е направено на тоа поле, па обврските му остануваат на Кабинетот на премиерката Тереза Меј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.