| четврток, 6 декември 2018 |

Шулц: Состојбата во Европската унија е загрижувачка

Состојбата во Европската унија не е добра, туку загрижувачка, оцени претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Тој за време на дискусијата на тема „Гласови за иднината на Европа“ во Виена, истакна дека е неопходна јасна распределба на надлежностите и суштинска реформа, дури и измена на спогодбата на ЕУ.

Тој оцени дека храбоста за преземање на тие чекори е ограничена.

– Имаме центрифугални сили во ЕУ, констатира Шулц и додаде дека поради тоа Европа е загрозена.

– Во време на глобализацијата Европа се повлекува, наместо да ги прифати тие предизвици, изјави тој, нагласувајќи дека граѓаните повеќе не им веруваат на институциите и оти таа доверба може да биде вратена само со подобра распределба на надлежностите.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека е тешко да се опише ситуацијата во ЕУ.

– Реалноста е дека многу работи добро функционираат, а за тоа никој не зборува. Многу работи меѓутоа не функционираат, а многу се сфаќаат како нешто што се подразбира, појасни тој.

Јункер додаде дека често пати не се зема предвид и прашањето за војна и мир.

– Војната стигна на нашите граници, изјави тој во врска со војните во Сирија и во Украина.

Тој истовремено додаде дека Европа е најмал континент, а нејзините граѓани „сметаат дека се господари на светот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top