| четврток, 6 декември 2018 |

„Пулсот и времето“ од Ана Јовковска вечерва ќе се промовира во Велес

„Пулсот и времето“ е монографска збирка од 50 интервјуа со афирмирани јавни личности, писатели, професори, уметници, активисти, актери, политичари и дипломати, креативно разиграна и разновидна селекција на 50 од вкупно 500 интервјуа реализирани низ авторскиот ТВ проект „Пулс“ на Ана Јовковска. Низ ова книжевно дело, Јовковска прави вивисекција на македонската интелектуална мисла, расветлувајќи прашања од интердисциплинарен карактер и анализирајќи ги социо-културните феномени на денешнината, како културен документ на едно време! Книгата е реализирана со издавачката куќа „Силсонс“ – читачки клуб при Матица македонска, има 500 страници, и покрај интервјуата содржи и биографии и фотографиии.

-Разговорите се форматирани како есеи на слободната волја или како филозофски разговори меѓу интимното и општественото, меѓу болката и слободата, меѓу стравот и вистината, меѓу љубовта и политиката, меѓи јас и другиот – вели Јовковска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top