Денеска во Сараево, Босна и Херцеговина, е претставено несекојдневно уметничко дело во вид на стрип-страница што е поставена на покривот на пазарот „Мaркале“.
Станува збор за стрипот „Omar le Cheri“ на авторите Жил Кремер и Дамир Никшиќ. Стрипот ќе го краси пазарот до почетокот на Сараевскиот филмски фестивал.
– Сакаме овој стрип да го одбележи почетокот на културната сезона во 2015 година. Ова е, всушност, најголема страница на стрип во светот – изјави амбасадорката на Франција во БиХ, Клер Бодони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.