| четврток, 6 декември 2018 |

Шлаканица за будење на ниските страсти на елитистите

Шла­ка­ни­ца­та од на­ро­дот ги раз­бу­ди ни­ски­те стра­сти во СДСМ. На ју­риш­ни­ци­те им зо­вре „си­на­та“ сдсмов­ска крв и во нап­лив на оча­јот го на­пад­наа, ко­го друг ако не, на­ро­дот?! Нес­по­соб­но­ста да со­бе­рат на­род ги на­те­ра да се ис­ме­ју­ва­ат со исти­от тој суб­јект ко­го не мо­жат да го прив­ле­чат со сво­и­те глу­по­сти. Не 100.000, ту­ку 500.000 лу­ѓе за нив се ов­ци во ка­фе­зи, из­ле­зе­ни од тр­ло. При­сут­ни­те на со­би­рот пред Со­бра­ние има­ат и се­мејс­тва...

Кој гу­би има пра­во да се лу­ти, но не и да на­вре­ду­ва и да ома­ло­ва­жу­ва. Вто­ро­то е ка­ра­кте­ри­сти­ка на гу­бит­нич­ки­те „шам­пи­о­ни“, а ток­му та­кви ис­пад­наа СДСМ и нив­ни­те „апо­ло­ге­ти“ на ква­зис­ло­бо­дар­ско­то дви­же­ње. Пен­да­ров­ски, Фрч­ко­ски и ре­ди­ца дру­ги ели­ти­сти, за по­тре­би­те на пар­ти­ја­та се­ко­гаш ус­пе­ва­ат да го из­ва­дат нај­ни­ско­то од се­бе, се­ка­ко, во ком­би­на­ци­ја со при­род­на­та „дар­ба“ за де­струк­ци­ја.

analiza142-2

Факт е де­ка лу­ѓе­то ре­тко ко­га учат од ту­ѓи­те гре­шки. Ви­стин­ски­от проб­лем на­ста­ну­ва ко­га „од­бра­ни­те“ или, по­до­бро ка­жа­но, „црп­на­ти­те“ не на­у­чи­ле ни­што ни­ту од сопс­тве­ни­те. А ток­му та­ка би мо­же­ла да се суб­ли­ми­ра исто­ри­ја­та на пар­ти­ја­та – не­ар­ти­ку­ли­ра­но и не­ло­гич­но по­вто­ру­ва­ње на гре­шки­те, па и на нај­и­ди­от­ски­те, а во пос­лед­но вре­ме и на сце­на­ри­ја­та. Цр­ни и тем­но­си­ви, бе­ли не­ма во оп­тек во оваа пар­ти­ја. Шла­ка­ни­ца­та што ја до­би­ја од исти­от тој на­род, кој двај­ца од нив и во јав­ност го на­ре­ку­ва­ат сто­ка, а дру­ги­те, нај­ве­ро­јат­но, и под­мол­но тоа ми­лу­ва­ат да го пра­кти­ку­ва­ат са­мо со до­маш­ни­те, ги из­ва­ди од ко­жа и по­мог­на во при­ка­жу­ва­ње­то на нив­но­то ви­стин­ско, гр­до ли­це. Проб­ле­мот е што ова е ре­ак­ци­ја на ка­но­на­да­та шла­ка­ни­ци. Пр­ва­та, да не за­бо­ра­ви­ме, бе­ше ре­фе­рен­ду­мот во Цен­тар, а на­бр­гу по неа сле­ду­ва­ше ми­ни-ми­тин­гот пред вла­да, кој пад­на во за­бо­рав и во сен­ка на со­би­рот пред Со­бра­ние. И та­ка, за­ко­но­дав­ни­от дом ја из­би­ра вла­да­та, а на­стра­на што во не­го (да не бе­ше ис­це­ни­ра­ни­от бој­кот на СДСМ) има 123 пра­те­ни­ци, а вла­ди­ни­от ка­би­нет има 26 ми­ни­стри. Слу­чај­но или не, има ре­чи­си иста раз­ли­ка со бро­јот на при­сут­ни­те на со­би­ри­те од око­лу 5:1. Ток­му не­мо­ќта да се со­бе­ре кри­тич­на ма­са за ка­ква и да е ре­во­лу­ци­ја ги удри од зем­ја со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те ју­риш­ни­ци на кои им е не­оп­ход­на (за атер на др­жа­ва­та) по­ли­тич­ка ево­лу­ци­ја. Збу­не­та­та под­зи­на­тост на нив­ни­те усти жед­ни за власт бе­ше на­бр­гу за­ме­не­та со исту­ре­ни­от гнев од нив. По­ра­зи­тел­ни­от нес­по­кој од споз­на­ни­е­то за сопс­тве­на­та не­моќ го вра­ти ста­ри­от, тол­ку при­ро­ден за нив ели­ти­стич­ко-са­мо­у­бис­твен во­ка­бу­лар, со кој по­втор­но го об­ви­ни­ја на­ро­дот.

analiza142-3

Струч­ња­кот за сто­чарс­тво и за без­бед­нос­на по­ли­ти­ка, Сте­во Пен­да­ров­ски, во рок од са­мо ед­на го­ди­на из­ва­ди уште еден би­сер од сво­ја­та не­пре­суш­на риз­ни­ца на аро­ган­ци­ја. Ка­ко пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат на­ро­дот го гле­да­ше ка­ко сто­ка, а се­га по­ти­штен од број­ки­те што ја уни­шти­ја ма­те­ма­ти­ка­та и по­зи­ци­ја­та на са­ка­на­та му СДСМ го по­де­ли на­ро­дот на ов­ци и на гра­ѓа­ни. „Се со­би­ра­ат во ка­фез. Се со­би­ра­ат во ка­фез ка­ко во тр­ло би­деј­ќи ли­де­рот им е па­стир“, им из­ја­ви Пен­да­ров­ски на на­со­бра­ни­те 300 ду­ши пред Вла­да, во исто вре­ме ко­га око­лу 100.000 гра­ѓа­ни беа пред Со­бра­ни­е­то. Но тој не на­вре­ди 100.000 лу­ѓе, по­ве­ро­јат­но на­вре­да­та е за нај­мал­ку 500.000. При­сут­ни­те има­ат и се­мејс­тва, не­ли. Па­ра­лел­но со не­го­во­то без­о­браз­но ле­ку­ва­ње на на­со­бра­ни­те му лич­ни комп­ле­кси, исто­то тоа со нес­ма­лен жар пред екра­ни­те на ед­на „не­за­вис­на“ те­ле­ви­зи­ја го пра­ве­ше не­го­ви­от по­ли­тич­ки гу­ру и очиг­ле­ден идол, Љу­бо­мир Фрч­ко­ски. Ка­ко ос­но­во­по­лож­ник на нај­го­ле­ма­та глу­пост ка­жа­на во исто­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја, поз­на­та ка­ко фрч­ко­и­за­ци­ја – де­ле­ње на др­жа­ва­та по пар­ти­ска ба­за и спо­ред пар­ти­ска­та при­пад­ност, ви­со­ки­от прет­став­ник на са­мо­из­бра­на­та ка­ста за вла­де­е­ње, во сво­и­те ми­зан­троп­ски из­ли­ви мо­ра­ше да би­де сми­ру­ван од во­ди­те­лот. По­ве­де­ни од сво­и­те стра­те­зи и идо­ли, пак, на ан­ти­на­род­но­то оро со си­лен елан се фа­ти­ја и Со­ро­со­ви­те фи­ли­ја­ли. Ком­би­на­ци­ја­та на ка­жа­но­то од нив со аро­ма­та на „фи­лан­тро­по­ви­те“ ми­ли­о­ни ги фр­ли во те­жок тво­реч­ки за­нес и не­мир, кој про­ду­ци­ра­ше сто­ти­на нас­ло­ви со слич­на ко­но­та­ци­ја, си­те „укра­се­ни“ со гр­да­та, ис­ме­ју­вач­ка ко­но­та­ци­ја на сопс­тве­ни­от на­род. Ма­ки­ја­ве­ли по­цр­ве­ни, но, се­пак, исту­ра­ње­то на гне­вот не ус­пеа да го трг­не си­ви­ло­то на приз­на­ни­е­то на по­раз од фа­ци­јал­на­та екс­пре­си­ја на опо­зи­ци­ски­те ју­риш­ни­ци и из­вр­ту­ва­чи.

 

Bratislav-Dimitrov-300Ди­ми­тров: И пол­жа­ви­те оста­ва­ат не­ка­ква тра­га, а ние?

Сѐ по­мал­ку имам жел­ба да ко­мен­ти­рам акту­ел­ни ли­ко­ви и на­ста­ни за­тоа што тие са­ми­те се­бе нај­пре­циз­но се ко­мен­ти­ра­ат, ве­ли дра­ма­тур­гот Бра­тис­лав Ди­ми­тров. Освен тоа, не се чув­ству­вал ни ком­пе­тен­тен.
ДИМИТРОВ: Ра­бо­та­та е оти­де­на до­та­му што тре­ба под ит­но да се по­ба­ра мис­ле­ње од струч­ни ли­ца, а тоа во слу­ча­јов се пси­хо­ло­зи, пси­хо­а­на­ли­ти­ча­ри и ба­јач­ки. Ние, обич­ни­те смрт­ни­ци („сто­ка“, „ов­ци“ и слич­но, спо­ред нив­ни­от реч­ник) мо­же­ме са­мо да се чу­ди­ме и вос­хи­ту­ва­ме на нив­на­та упор­ност да се вра­тат на власт по ко­ја би­ло це­на. Нив­на­та ос­нов­на де­ви­за е: „Јас сум нај­па­ме­тен, нај­си­лен и нај­у­бав. И се­то тоа јас са­ми­от сум го открил!“ Спо­ред нив­на­та ло­ги­ка, ста­ра­та мо­ма не ус­пе­а­ла да се ома­жи, а ста­ри­от ер­ген ус­пе­ал да не се оже­ни. Мо­же­ме да ре­ди­ме без­број при­ме­ри на ва­кви мен­тал­ни пи­ру­е­ти и ек­скур­зии, но ед­но е со­се­ма си­гур­но: Чо­век што по­сто­ја­но и без мер­ка кри­ти­ку­ва сѐ, дла­бо­ко во се­бе е не­за­до­во­лен од са­ми­от се­бе! Сло­бо­да­та не се да­ва на тац­на и не се мач­ка на леб. Сло­бо­да­та е ду­хов­на со­стој­ба, мен­тал­на хи­ги­е­на, ко­ја по­драз­би­ра строг и прин­ци­пи­е­лен етич­ки пог­лед кон се­бе, а ду­ри по­тоа кон над­во­реш­ни­от свет. На кра­јот, си­те нас ќе нѐ „црп­не“ Гор­ни­он, но што ќе оста­ви­ме зад се­бе? И пол­жа­ви­те оста­ва­ат не­ка­ква тра­га, а ние?

 

Стан­ков­ски: Израз на крај­но не­ха­риз­ма­ти­чен и не­ус­пе­шен по­ли­ти­чар

Еден крај­но не­ха­риз­ма­ти­чен и не­ус­пе­шен по­ли­ти­чар, во го­ле­ма ме­ра гро­те­скен, под­ло­жен на фрој­дов­ска­та ана­ли­за за про­ек­ци­ја на фру­стра­ци­и­те, кој, всуш­ност, тоа што го има во се­бе го гле­да над­вор од се­бе. Ва­ка умет­ни­кот Ацо Стан­ков­ски го тол­ку­ва ис­па­дот на Пен­да­ров­ски?
СТАНКОВСКИ: Ко­га ќе ка­же „пред Вла­да­та има гра­ѓа­ни, а пред Со­бра­ни­е­то сто­ка“, во кон­текст на таа ин­верз­на про­ек­ци­ја тој, всуш­ност, мис­ли обрат­но. Ова не­го­во ин­верз­но мис­ле­ње мо­же да би­де спо­де­ле­но со го­лем дел од ма­ке­дон­ска­та јав­ност, ко­ја на по­не­дел­нич­ки­от ми­тинг ја по­ка­жа по­ли­тич­ка­та ре­ал­ност во др­жа­ва­та. Не са­мо спо­ред бро­јот, ту­ку и спо­ред ам­би­ен­тот и при­стој­но­ста. Ко­неч­но, на ми­тин­гот на СДСМ во не­де­ла­та еден огро­мен број лу­ѓе беа пла­те­ни­ци, гро­теск­ни ли­ко­ви и про­фи­те­ри од по­ли­тич­ки кри­зи. По­тоа, спо­ред зна­ми­ња­та што се ве­е­ја, а мнош­тво­то беа од стран­ска др­жа­ва, мо­же­ме да ја кон­ста­ти­ра­ме стран­ска­та вме­ша­ност и про­фи­тер­ски­от мен­та­ли­тет на де­мон­стран­ти­те. Бро­јот на де­мон­стран­ти­те на ми­тин­гот на СДСМ исе по­ка­жа не­о­че­ку­ва­но мал во од­нос на ги­гант­ски­от, мо­же­би нај­го­ле­ми­от гра­ѓан­ски со­бир во исто­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ор­га­ни­зи­ран од ВМРО-ДПМНЕ и од ко­а­ли­ци­ја­та „За по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“. Со тоа, спо­ред ме­не, по­ли­тич­ка­та бор­ба во Ма­ке­до­ни­ја е ве­ќе за­вр­ше­на. Ре­зул­та­ти­те се јас­ни – при мож­ни из­бо­ри ко­а­ли­ци­ја­та „За по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“ ќе по­бе­ди не со 200.000 ту­ку со 350.000 раз­ли­ка, а СДСМ ќе би­де со­се­ма деп­ла­си­ра­на и из­бри­ша­на од ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ки хо­ри­зонт. Мож­но­то вме­шу­ва­ње на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца е са­мо гу­бе­ње вре­ме за­што нив­ни­от авто­ри­тет е вир­ту­е­лен и не­кон­се­квен­тен. Тие се ти­гри од хар­ти­ја… Вре­ме е да се акти­ви­ра прав­ни­от си­стем и да му се ста­ви крај на овој кри­ми­нал­но ге­не­ри­ран ха­ос.

 

analiza142-4

Пен­да­ров­ски и Фрч­ко­ски се ли­кот на со­вр­ше­ни­от сдсмо­вец за вр­ху­шка­та?!

analiza142-6Ед­на ра­бо­та ста­ну­ва си­гур­на и по­ле­ка-по­ле­ка из­ле­зе на ви­де­ли­на. Пре­ку дејс­тву­ва­ња­та на овие два ли­ка (збо­рот лич­ност е комп­ли­мент) се по­ка­жа ка­кви пре­дис­по­зи­ции тре­ба да има­ат си­те тие што са­ка­ат не­ко­гаш да ста­нат кан­ди­да­ти за пре­тсе­да­тел на СДСМ. Со тоа, се откри и фо­то­ро­бо­тот на со­вр­ше­ни­от со­ци­јал­де­мо­крат за вр­ху­шка­та. За нив­на жал, да­ли Пен­да­ров­ски и Фрч­ко­ски, ка­ко нај­и­стак­на­ти­те прет­став­ни­ци, се но­си­те­ли на „нај­до­бри­те“ ква­ли­те­ти што тре­ба да ги има пер­фект­ни­от сдсмо­вец. А кои се нив­ни­те ква­ли­те­ти? Ги има мно­гу, а нај­вид­ли­ви се аро­ган­ци­ја­та, на­со­бра­ни­от гнев, ци­низ­мот, над­ме­но­ста, ели­тиз­мот, др­ско­ста, искомп­ле­кси­ра­но­ста и це­лос­но­то не­ко­рес­пон­ди­ра­ње со ре­ал­но­ста. ДНК-ана­ли­за­та, ко­ја нај­до­бро би ја на­пра­вил струч­ња­кот на ЦСИ од Мур­ти­но, би по­ка­жа­ла чуд­но сов­па­ѓа­ње со ДНК на БЦ. Но за­тоа, пак, за бли­ско­ста со на­ци­ја­та и да не збо­ру­ва­ме. Би од­го­ва­ра­ла са­мо со ми­кро­при­ме­рок од ма­ке­дон­ски­от на­род, нај­го­лем дел сме­стен во си­гур­ни­те Со­ро­со­ви јас­ли. Од дру­га стра­на, бли­ско­ста со по­ли­ци­ја­та им е спо­ју­вач­ка ни­шка. „Џан­дар­ско­то“ во нив, но тоа ста­ро­врем­ско­то и „ми­ли­ци­о­нер­ско­то“, го кра­си ли­кот и де­ло­то на двај­ца­та пос­тко­му­ни­стич­ки ата­виз­ми. Ли­ко­ви­те се де­бе­ло по­вр­за­ни со служ­би­те на МВР, а и двај­ца­та со атен­та­ти на пре­тсе­да­тел, вто­ри­от, за жал, сѐ уште не­до­ка­жан, но по­ус­пе­шен од пр­ви­от. По­ста­ри­от и по­ве­шти­от со збо­ро­ви бе­ше ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти во чиј­што ман­дат се слу­чи не­ус­пеш­ни­от и не­ра­свет­лен атен­тат врз пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров, за чи­е­што не­ра­свет­лу­ва­ње исти­от тој бе­ше на­гра­ден со по­зи­ци­ја­та шеф на МНР. Во ко­ја би­ло дру­га зем­ја, во ко­ја, ме­ѓу дру­го­то, не вла­де­ел СДСМ, та­кви­от прв по­ли­ца­ец да­ва оста­вка и за­ми­ну­ва во дла­бок за­бо­рав од по­ли­тич­ка­та сце­на. На­ши­от потс­ме­вач со на­род­ни­те ма­си, пак, ста­на ми­ни­стер за над­во­реш­ни, а по­тоа и пар­ти­ски кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел. Ка­та­стро­фал­ни­от не­ус­пех и во три­те не­го­ви функ­ции или, се­пак, са­мо оби­ди, очиг­лед­но дал огро­мен при­до­нес во лич­ни­те комп­ле­кси, кои по­сто­ја­но ги ле­ку­ва пре­ку ис­ме­ва­ње­то на на­ро­дот и на про­тив­ни­ци­те, а од­вре­ме-на­вре­ме и со шла­ка­ни­ца на не­ко­ја де­вој­ка на пар­кинг. Вто­ри­от шти­те­ник на ели­ти­стич­ка­та шко­ла од екс Би­ха­ќка има мно­гу по­скром­на по­ли­тич­ка „ка­ри­е­ра“ и се­га е во фа­зон на лаж­но прет­ста­ву­ва­ње на нат­пар­ти­ски чо­век, или кан­ди­дат, или ор­га­ни­за­тор на НВО…

analiza142-5

Што и да е, са­мо да е над. Тој „слу­чај­но“ вед­наш по за­вр­шу­ва­ње­то на ви­со­ко­то обра­зо­ва­ние ста­на ра­ко­во­ди­тел на се­кто­рот ана­ли­ти­ка во МВР, па порт­па­рол на МВР, за да про­дол­жи ка­ко шеф за на­ци­о­нал­на без­бед­ност и гла­вен со­вет­ник за над­во­реш­на по­ли­ти­ка во ка­би­не­ти­те на Трај­ков­ски и на Цр­вен­ков­ски. Слич­но ка­ко и по­ста­ри­от плу­кач на на­ро­дот, кој овој пом­ла­ди­от ми­лу­ва да го на­ре­ку­ва сто­ка, ов­ци и слич­но, има­ше „чест“ ди­рект­но да слу­жи пре­тсе­да­тел што за­ги­на во, бла­го ка­жа­но, чуд­ни окол­но­сти. И до­де­ка Фрч­ко­ски ќе го па­ме­тат по очи­ла­та „реј­бан“ и по ко­њи­те, Пен­да­ров­ски ќе оста­не за­па­ме­тен и ка­ко тој што не вле­зе во ави­о­нот на Трај­ков­ски. Ба­шка ка­ко чо­ве­кот што ка­ко пре­тсе­да­тел на ДИК да­де амин за из­бо­рот на Бран­ко Цр­вен­ков­ски за пре­тсе­да­тел, из­бо­ри на кои има­ше страш­ни ин­ди­ции за ду­зи­на не­ре­гу­лар­но­сти. Са­мо то­гаш не­ма­ло кој да ги сни­ма, или има­ло ама ги нап­ла­тил? Ам­не­сти­ја­та на си­нот на Ве­ру­шев­ски и не­го­ви­от ан­гаж­ман во ам­ба­са­да­та во Рим збо­ру­ва до­вол­но… Неј­се про­фе­сор­ски­от ан­гаж­ман, нај­до­бра­та ни­шка што ги по­вр­зу­ва двај­ца­та „су­персдс­мов­ци“, се­пак, е Бран­ко Цр­вен­ков­ски. Исти­от тој БЦ им бе­ше сил­на по­ткре­па и под­др­шка во „ка­ри­е­ра­та“. Со не­го сил­но ги по­вр­зу­ва­ат и ка­ра­ктер­ни­те осо­би­ни, па не слу­чај­но се не­го­ви­те нај­о­ми­ле­ни пар­ти­ски де­ца, пом­ла­ди­от и со ид­ни­на да би­де но­ви­от ли­дер на пар­ти­ја­та, се­ка­ко, отка­ко „црп­на­ти­от“ од Мур­ти­но ќе го да­де це­ли­от свој при­до­нес во при­ка­ска­та. Струч­ња­кот за сто­чарс­тво е след­ни­от ли­дер, ве­лат упа­те­ни­те, а по божс­тве­на­та ин­тер­вен­ци­ја на па­па­та, спа­си­те­лот ќе за­вр­ши ка­ко кла­сич­на, прес­ме­та­на и за си­те нив мно­гу под­нос­ли­ва ко­ла­те­рал­на ште­та…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 142. број на неделникот „Република“, 22.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top