| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на накит на Археолошкиот музеј во КИЦ во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечерва (28-ми мај) ќе биде отворена изложба „Накитот од Македонија низ вековите“ на Археолошкиот музеј на Македонија.

Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и е централен настан меѓу повеќето активности со кои КИЦ на РМ во бугарската престолнина годинава одбележува 10 години постоење.

Археолошкиот музеј информира дека концептот на изложбата е замислен како репрезентативна илустрација на еволутивниот развој на накитот пронајден на тлото на Република Македонија со археолошките ископувања вршени седумдест години наназад.

– Презентираните копии од атрактивни артефакти со непроценлива културна и историска вредност претставуваат сведоштво за културниот идентитет на популациите кои егзистирале на овој простор од неолитот до средниот век, изјави директорката на Археолошкиот музеј Весела Честоева по повод изложбата, која во Софија ќе може да се посети до 10 јуни.

На вечерашното отворање на изложбата ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорите на Археолошкиот музеј и на КИЦ на РМ во Софија, Весела Честоева и Васко Шутаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top