| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите егзекутиираа 20 лица во римскиот амфитеатар во Палмира

џихад
Припадници на џихадистичката група Исламска држава денеска ликвидираа 20 лица во амфитеатарот во остатоците од античкиот град Палмира, кој датира од римскиот период, јави ТАСС.Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, убиените цивили биле обвинети од страна на џихадистите за соработка со сириските владини сили.

Џихадистите од ИД мината недела го освоија Палмира, а заедно со него под нивна контрола паднаа и остатоците од некогашниот истоимен антички град, кој се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top