Велика Британија ќе одржи референдум за членство во Европската унија до крајот на 2017 година.
Ова денеска го изјавила кралицата Елизабета Втора изложувајќи законодавен план на новоизбраната влада во парламентот.
– Законот ќе биде донесен за да се обезбеди референдум за членство во Европската унија пред крајот на 2017 година – рекла британската кралица во својот традиционален говор на почетокот на работата на парламентот.
– Мојата Влада ќе преговара за односот на Обединетото кралство со Европската унија и ќе тежнее за реформи на ЕУ за доброто на сите држави членки – нагласила таа.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, чија Конзервативна партија освои победа на изборите во мај, планира до крајот на 2017 година да распише референдум за членство во ЕУ и, како што наведе, дотогаш да ја преиспита улогата на својата држава во Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.