| четврток, 6 декември 2018 |

Белгија поради дефект го затвори воздушниот простор

Националната агенција за контрола на летањето изутринава го затвори воздушниот простор над Белгија поради дефект на електричните инсталации, соопшти портпаролот на службата.

Дефектот е пријавен во 9.30 часот по локално време, по што на сите авиони што се наоѓале во воздушниот простор им е наредено да најдат алтернативни аеродроми во соседните држави, изјави Доминик Деан, претставик на „Белгоконтрол“.

Авиокомпаниите истовремено се обидуваат да најдат решение за патниците на интерконтинентални летови, кои од утрово се откажани.

Деан не објави детали за дефектот, но најави дека се очекува авионскиот сообраќај повторно да биде пуштен по два часот попладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top