Охриѓанките најмногу се породуваат со царски рез за разлика од другите жени во Македонија, покажуваат податоците на ФЗОМ. Според податоците на ФЗОМ, во 2014 година во охридската болница има повеќе породувања со царски отколку вагинално (280 наспроти 272). Трендот го следат и жените во Гевгелија.
Бројот на случаи со царски рез е скоро изедначен со оние во кои бебињата дошле на свет по природен пат – 103 наспроти 106. Со 49 проценти во 2014 година, породувањето со царски рез главен избор и за струмичанки. Анализата на ФЗОМ покажува дека во Струмица овој тренд е во постојан пораст од 2009 година кога овој метод го практикувале само 28 отсто од жените.
И во Општата болница во Струга бележат зголемување на породувањата по пат на царски рез. Од 36 проценти во 2009 до 48,6 отсто 2014 година.
На табелата се наоѓа и Гостивар. Лани, една третина од породувањата биле со хируршка интервенција.
Прилеп засега е единствениот град во кој минатата година имало намалување на процентот на породувања со царски рез.
И додека во Македонија има драстично зголемување на породувањата со царски рез, во земјите од регионот има намалување. Ако кај нас е 29 отсто, во Словенија и во Хрватска е 19 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Докторот направил царски рез, но во стомакот на жената немало бебe – после 2 минути се чул плач!
-
Како Кејт Мидлтон изгледа толку свежа, веднаш по породувањето?
-
Нема потреба од царски рез без причина: СЗО има нови препораки за родилките
-
Се откажала од Виена за да остане во Белград: Беквалац ќе плати 6 000 евра за породувањето