Една мајка ја тужела болницата каде што го родила своето четврто дете кога открила дека нејзиниот доктор направил итен царски рез, кога таа веќе по природен пат го родила детето.
21 годишната Амбер Хјуз го видела погледот на комплетен шок на лицето на својот партнер кога нејзиниот доктор се обидел да го породи нејзиниот син Оли, со царски рез во 30 недела.
-Беше страшно. Очекував да ми ја дадат мојата радост, но наместо тоа видов паника на лицето на докторот-рекла мајката.
Партнерот на Амбер, Даниел(25), бил престрашен кога докторот го отворил нејзиниот стомак само за да види дека внатре нема бебе.
На медицинскиот персонал им требало 2 минути да забележат дека Оли плаче на чаршавот крај нозете на својата мајка.
-Буквално имав слом, каде ми исчезна бебето? Не може да исчезне – рекла Амбер.
Одеднаш слушнале нешто. Тогаш го пронашле Оли под чаршавот, кој се родил по природен пат.
Оли и мајка му се пуштени од болница после пет недели.
-Благодарна сум што моето бебе е добро, ама никогаш нема да го заборавм денот кога докторите го изгубија моето дете-рекла таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.