| четврток, 6 декември 2018 |

Јогурт диета – ослабнете 4кг за 3 дена

Јогуртот е одличен не само за подобрување на работата на цревата, туку и за чистење на метаболизмот од токсините. Тој е вкусен и може да замени оброк, или, пак, да го пиете со скоро секое јадење на вашето мени.

Диетата трае само три дена, што значи дека лесно ќе ја спроведете, а нејзината главна компонента е, се разбира, јогуртот. Доколку се исплашивте дека три дена ќе треба да живеете само на јогурт, се лажете.

Покрај тоа што ќе се чувствувате полесно и подуеноста ќе се намали.

ПРВ ДЕН

појадок: овошен или обичен немасен јогурт со житарици по желба

ручек: динстан зеленчук на маслиново масло со ориз, зачинет само со малку сол и бибер

вечера: исецкајте еден морков, јаболко и 50 грама сувомеснато, па сето тоа испржете го на маслиново масло, а на крајот на оваа немасна салата додадете и немасен јогурт.

ВТОР ДЕН

појадок: салата од јогурт и исецкана краставица

ручек: мисиркино месо испржено на маслиново масло, во кое се додаваат исечкани шампињони, домати и пиперки, а за пиење земете јогурт

вечера: две чаши јогурт помешани со бобинки мешано шумско овошје

ТРЕТ ДЕН

појадок: помешајте јогурт, сирење , исечкано јаболко и малку сол и бибер

ручек: 150 грама филе од ослич со салата од јогурт, исечкана краставица и малку сенф

вечера: 100 грама варени тестенини, помешани со исечкана пиперка, едно варено јајце и прелиени со јогурт.Со него се започнува и завршува денот, а во меѓувреме дозволени се уште некои нискокалорични намирници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top