| четврток, 6 декември 2018 |

Силни безбедносни мерки во Тирана пред посетата на Вучиќ

EDI RAMA, ALEKSANDAR VUCIC

Големи мерки за безбедност од вечерва на полноќ ќе бидат преземени од страна на албанските надлежни инситуции пред утрешната посета на српскиот премиер Александар  Вучиќ.

Во рамките на безбедносните мерки целосно за сообрќај ќе бидат блокирани многу улици и неколку плоштади, влезот на автопатот Драч-Тирана и сообраќајот се пренасочва по стариот пат, се воведува забрана за паркирање на дваесеттина улици, а под големо полициско обезбедување е и српската амбасада во Тирана.

За безбедноста на спрлиот премиер,кој во тирана треба да пристигне претпладне ќе бидат ангажирани најмалку 1.500 припадници на министертвото за внатрешни работи и гардисти, а  градот ќе го надлетуваат и полициски хеликоптери.

Посетата на Вучиќ,која е прва посета на српски премиер на Албанија, освен домашни  ќе ја следат и голем број странски новинари.

Во текот на утрешниот ден Вучиќ освен средбата со неговиот домаќин, Еди Рама, ќе биде примен и од други албански високи функционери а планирана е средба и со лидерот на опозицијата и градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша.

В четврток тој ќе учествува на Виенскиот еконоски форум на кој ќе учествуваат премиери на земјите од јадранската и црноморската иницијатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top