| четврток, 6 декември 2018 |

Назначени извршни членови на ВФП Фонд Менаџмент

фонд
Петар Андреевски и Артон Лена се именувани за извршни членови на Друштвото за управување со инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент.Андреевски ќе ја извршува функцијата главен извршен директор на друштвото, а Лена извршен директор.

Одлуката е донесена на денешната седница на Комисијата за хартии од вредност откако е констатирано дека кандидатите ги исполниле пропишаните услови. Со кандидатите се спроведени и интервјуа со нив.

Андреевски и Лена се назначени на овие позиции со мандат од три години.

На седницата КХВ даде и една дозвола за инвестициски советник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top