Друштвото на писателите на Македонија прими осум нови членови, и тоа: Живко Грозданоски, Фросина Пармаковска, Игор Станојоски, Ана Мартиноска, Славица Гаџова Свидерска, Лира Бојку, Тихомир Јанчовски и Михајло Свидерски.
Новите членови на ДПМ се од редот на младите генерации и се силно присутни на книжевната сцена, со препознатливи вредности и специфики, со висока книжевна наобразба и култура. Нивните дела од областа на прозата, поезијата, есеистиката, книжевната наука и преводот, се предмет на интересирање на читателската публика и критиката и се впечатлив дел од новите тенденции во македонската литература.
Друштвото на писателите на Македонија, со приемот на новите членови, ја продолжува практиката на подмладување на писателската асоцијација. Во изминатите неколку години примени се триесетина афирмирани автори, со просечна возраст, во моментот кога влегуваа во ДПМ, од 26 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија