| четврток, 6 декември 2018 |

Хорхе Македа слета во „црвено-црното“ јато

 

Maqueda of Spain celebrates a goal agansit France during their semi-final match of the 24th Men's Handball World Championship in Doha

Шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа потпиша договор со ракометниот клуб Вардар со важност до 2018 година и само го официјализира најавениот трансфер од Нант.

Македа е десен бек и еден од столбовите во играта на Шпанија, репрезентација која е рангирана во топ-5 на планетата.

Македа е четвртото засилување на Вардар за следната сезона по ангажманот на Дејан Манасков, Александар Деревен и Мијајло Марсениќ, а се очекува договор и со Лука Циндриќ.

Во меѓувреме клубот ги продолжи договорите и со Стојанче Стоилов, Алем Тоскиќ, Филип Лазаров, Матјаж Брумен и Алекс Душебаев.

„Со ангажирањето на Македа, ќе имаме уште посилна бековска линија, и искусен и докажан играч. Вардар се засили со играч кој зад себе има медали во репрезентативен дрес, со надеж дека заедно ќе ги исполниме и клупските планови. Македа останува во Вардар до јуни 2018 година, а се надеваме и подолго. Со потпишувањето на договор со шпанскиот репрезентативец продолжуваат намерите на Вардар да создаде силен и респектибилен тим во Европа“, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар за клупскиот сајт.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top