На владина седница денеска ќе се одлучува кој ќе го замени Сашо Мијалков на функцијата директор на Управата за Безбедност и Контраразузнавање.
На истата седница треба да се избере и новиот директор на Бирото за јавна безбедност, по преминувањето на Митко Чавков на функцијата министер за внатрешни работи.
Предлозите за двете функционерски места во полицијата се на предлог на министерот за внатрешни работи Митко Чавков, и се до нивниот официјален избор не се откриваат.
Смените на двете клучни директорски позиции во МВР, доаѓаат откако од позицијата министер за внатрешни работи и директор на УБК се повлекоа Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.