| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски

Вечерва е приведен поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Информацијата е потврдена од Кривичниот суд и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Атанасовски е спроведен во судот каде секој момент треба да почне неговиот распитот пред судија во претходна постапка, кој треба да донесе одлука дали на Атанасовски ќе му одреди мерка притвор која ја побара Обвинителството. Поранешниот директор на,УБК е приведен откако неколку од обвинетите за 27 април во сведочењата го посочија како еден од организаторите на упадот и насилството во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top