На 27 мај, среда, со почеток во 19.00 часот, во Музејот на македонската борба ќе биде промовиран романот „Светулка“ на Мирјана Тренчева. Најновото издание на Тренчева е двотомен роман кој претставува своевиден пресек на семејната и националната историја на авторот.
Книгата е во издание на издавачката куќа „Дијалог“, а на промоцијата ќе се обратат Ефтим Клетников, Васил Тоциновски и Гордица Величковска.
Мирјана Тренчева е истакната македонска поетеса, романист и преведувач на филмски класици која во својот творечки опус има десетина поетски книги и две поеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



