Во кафе-книжарницата „Магор“ утре (среда) во 11 часот истакнатиот македонски автор, Александар Прокопиев ќе го претстави англиското издание на својот роман „Човечулец“.
Имено, неодамна угледната лондонска издавачка куќа „Istrosbooks“ која што е специјализирана за дела на јужноевропски, особено балкански автори, ја објави книгата раскази „Човечулец (бајки од левиот џеб)“ на македонскиот писател Александар Прокопиев. Преводот на делото е на познатиот преведувач од македонскиот и словенски јазици Вил Фирт.
Предговорот на книгата го напиша Фиона Сампсон, поетеса, универзитетска професорка, главен уредник на „Poetry Review“, најстарото и најчитано списание во Британија.
„Homunculus“, англискиот превод на „Човечулец“, добитник на наградата „Балканика“ за 2012. следува по објавите во Полска, Србија и Хрватска што беа дочекани со бројни позитивни одгласи од страна на критиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.