Со претставата „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“на Театар Софија од Бугарија утре, 27 мај, во Македонскиот народен театар (МНТ) почнува вториот меѓународен театарски фестивал МНТ-Фест.
Автор на текстот е Виктор Иго, а режијата е на Лилјана Абаџиева, која на македонската публика и е позната по претставата „Ромео и Јулија“. Абаџиева го направи и изборот на музиката, а сценограф и костимограф е Васил Абаџиев.
Во претставата играат:Пламен Манасиев, Калин Врачански, Јулијан Миланов, Мартин Ѓуров, Николај Антонов, Росен Белов, Николај Варбанов, Јулијан Рачков, Михаил Милчев, Антон Глигоров, Николај Димитров, Симона Халачева, Јорданка Љубенова, Маја Остоич и студенти од Театарскиот колеџ „Љубен Гројс“, Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.