Харум Мехичевиќ, алијас Абу Талха, човек кој се смета за најголема безбедносна закана за Австралија, неодамна купил имот во селото Ошвам, во близина на Маглај во БиХ. Местото е познато како расадник за џихадисти на Исламската држава во Сирија и Ирак.
Мехичевиќ, кој го води центарот за исламски студии Ел Фуркан во Мелбурн, е роден во Мостар 1972 година под името Ален. Веќе две години австралиската полиција се обидува да ја докаже неговата поврзаност со тероризмот, односно со ИСИЛ и врбувањето џихадисти во Сирија. Според босанскиот портал Дневна.ба, Харун купил 20 арил земја во Босна, а имот купиле и неговиот близок соработник Јасин Ризвиќ кој во моментот е на боиштето во Сирија, како и Исмар Хадровиќ, селефија од Олово, познат по нападот на учесниците на Квир фестивалот во Сараево во 2008 година.Мехичевиќ во Мелбурн формирал група верници, млади следбеници на кои им говорел: Мразете ги неверниците. Сега се подготвува доаѓање во БиХ.
Австриската полиција успеала да уапси некои соработници и следбеници на Мехичевиќ. Пред три години уапсен е Аднан Карабеговиќ, обвинет за подготвување терористички напад. Уште еден млад Босанец од групата следбеници на Мехичевиќ е уапсен на почетокот на месецов. Тинејџерот Харун Чаушевиќ пак, со група врсници со потекло од Македонија и Косово, обвинети се за подготвување и планирање терористички напади. Биле активни членови на групата која се собирала во центарот на Ел Фуркан.
Дневна.ба пишува дека се повоочлива е поврзаноста на младите со потекло од БиХ, Косово, Македонија и Санџак кои живеат во западните земји. Пред неколку дена од БиХ бил протеран Самир Балтиќ, викан Абдулкадир, државјанин на Макеоднија, затоа што бил закана за националната безбедност. Утврдено било дека за време на разни верски предавања како оние во здружението Фет во Какањ, Балтиќ го поддржувал ИСИЛ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.