| четврток, 6 декември 2018 |

Избори во Босна и Херцеговина

Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат избори, осми по ред на сите нивоа на власта од прогласувањето независност на таа држава во 1992 година.

Изборите се спроведуваат без претходна промена на Изборниот закон што е прогласен за неуставен. Медиумите во државата како проблем го наведуваат и избирачкиот список што не е прочистен.

Притоа повторно се соочуваат со опции речиси идентични на оние за кои гласаа во изминатите 2,5 децении кои таа држава во различни комбинации ја држат заробена во еднички судири, корупција, економска неразвиеност и социјална беда.

На изборите учествуваат вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати.

На изборните листи се имиња на 7.497 луѓе кои сакаат да бидат дел од власта.

Тие се натпреваруваат за членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ.

Право на глас на изборите имаат нешто повеќе од 3,3 милиони гласачи. Тој податок предизвикува полемика бидејќи на пописот од 2013 година во БиХ е утврдено дека има околу 3,5 милиони жители.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top