Лицата кои работат во смени почесто имаат преголема телесна маса и потешкотии со сонот, објавија американски научници.
Истражувачите од Универзитетот Висконсин анализираа податоци собрани од 1.600 испитаници, од кои дел работеле во смени.
Се покажало дека вишок килограми имале 48 отсто од учесниците во истражувањето кои работеле во смени, и 35 отсто од оние кои работеле од 9 до 17 часот.
Работниците во смени во десет отсто повеќе случаи страдале од потешкотии со сонот.
Стручното списание „Sleep Health“ додава дека работата во смени е поврзана и со поголем ризик за метаболички нарушувања како дијабетес.
Извор: Хитпортал
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.