| четврток, 6 декември 2018 |

Тип облека и чевли што го уништуваат вашето здравје

backpain

Обично знаеме кој е причинителот на болката во грбот, часови поминати пред компјутер, повреда од спортување или стара повреда. Но понекогаш болките во вратот и во грбот се појавуваат без видлива причина, што го отежнува лекувањето. Ако и вие страдате од необјасниви болки, еве нешта што треба да се имаат предвид: Вашата облека. Таа може да биде не само причина, но и дополнителен фактор за влошување на ситуацијата.
Носете ги следниве видови облека на свој ризик:
Неудобен градник
Strapless Bra

Ако градникот не ви е удобен, тоа може да биде сериозна причина за болки во грбот и во градите. Тој ве тера да се стуткате и да ги свиткате рамената напред, што доведува до деформации на ’рбетот.

Тешки ѓердани
Necklaces

Може и да ви изгледа смешно, но вратот на која виси вашиот накит игра важна улога во држењето на главата. Сè што ве тера да го извлекувате вратот напред или назад, ја нарушува точката за неутрален баланс на вашата глава.
Ова може да создаде тензии во вратот, болка и оштетување, како и да предизвика долгорочни оштетувања.

Тесни фармерки и здолништа како молив
Low-section of three young women wearing jeans

Оваа облека често му пречи на телото да се движи природно. Жените со тесно здолниште не можат добро да ги свиткаат колената, па дури го менуваат стилот на одење. Ова може да доведе до сериозна болка во грбот, која се должи на неприродна позиција на мускулите и на ‘рбетните дискови.

Стегнати вратоврски
Close-up of a businessman adjusting his tie

Ако вратоврска е премногу стегната, тоа може да доведе до проблеми во природното движење на вратот. Премногу тесно значи дека не можете да ги пикнете прстите меѓу јаката на кошулата и вашето тело.

Тешки ранци
njnkrlemylh-641x361

Тешките ранци предизвикуваат промени на телото . Истражувањата покажуваат дека поголеми ранци, носени за подолг период, може да предизвикаат големи проблеми кај децата. Тие ги изложуваат пред зголемен ризик од болки во вратот и грбот.

Високи потпетици
Red high heels

Да, дами, знаеме дека тие ве прават заводливи, но нивното носење ја менува координацијата на мускулите во грбот и колковите. Ова води до абнормално движење на ‘рбетот и го зголемува ризикот од мускулно-скелетни повреди. Ако треба да ги носите, изберете пониска опција и соблечете ги при првата можност.

Апостолки
View of Flip-Flops

Еден од најпопуларните додатоци за на плажа, апостолките, го менуваат вашето одење, бидејќи не се добро прицврстени на вашите нозе. Ова доведува до помала должина на чекорот и поголем агол на глуждот, додека се обидувате да ги совладате чевлите. Ова предизвикува проблеми со колковите, долниот дел на нозете, колената и болки во грбот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top